Истражување открива МНОГУ НЕПРИЈАТНО нешто за луѓето кои одбиваат да носат маски за време на пандемија

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Според неодамнешно истражување, луѓето кои одбиваат да носат маски за лице или избираат да ги игнорираат мерките за социјално растојание за време на пандемија на коронавирус, најверојатно се социопати.

Според „Healthline“, социопат е термин што се користи за да се опише некој кој има антисоцијално растројство на личноста (Antisocial personality disorder – ASPD). Луѓето со ASPD не можат да ги разберат чувствата на другите луѓе. Тие честопати ќе ги прекршуваат правилата или ќе донесат импулсивни одлуки без да чувствуваат вина за штетата што ја прават“.

Ова се карактеристики за кои професорот Фабијано Кож Мигел и колегите од Universidade Estadual de Londrina (UEL) веруваа дека се поврзани со заобиколување на правилата за носење маски.

Наодите произлегуваат од истражување спроведено на околу 1.578 возрасни Бразилци од кои било побарано да ги почитуваат мерките пропишани за борба против Ковид-19.

На учесниците им било поставено едно прашање: „Дали сметате дека е потребно почесто да се користи маска за лице / социјално растојание / миење раце?“

Врз основа на наодите, учесниците биле поделени во две категории: „емпатична група“ и „асоцијална група“. „Емпатичната група“ се состоела од 1.200 луѓе, сите покажале разбирање за постојните мерки и биле заинтересирани за „развој на позитивни социјални интеракции“ со другите, објави „Тајмс“. Останатите 400 лица сместени во „асоцијалната група“ го покажале спротивното.

Истражувачите велат дека луѓето во оваа група претставуваат поголем социјален ризик за другите, засновано на недостаток на грижа за да се помогне да се намалат смртните случаи следејќи ги правилата. Тие, исто така, имаат поголема веројатност да бараат начини на кои интеракцијата со другите би можела лично да им користи, тие имаат поголема веројатност да се чувствуваат „социјално разделени“ и да се впуштат во непријателско однесување.

Студијата, според „Дејли мејл“, вели: „Нашите откритија покажаа дека асоцијалните карактеристики, особено ниските нивоа на емпатија и повисоките нивоа на измами и преземање ризици, се директно поврзани со помалото почитување на мерките за сузбивање на болеста. Овие карактеристики објаснуваат, барем делумно, зошто луѓето сè уште не се придржуваат до мерките, дури и со зголемениот број случаи на заразени и смрт“.

Сепак, водечкиот истражувач професор Мигел рече дека на откритијата мора да се пристапи со одредена претпазливост, додава „Тајмс“.

– Не можеме да кажеме дека, ако некое лице одлучи да не носи заштитна маска, единствената причина е дека е социопат. Додека тоа е можно, има веројатно други фактори кои се вклучени. На пример, некои луѓе не носат маски од здравствени и инвалидски причини – рече тој.

Експерти во Полска, исто така, имаат слично откритие, откривајќи дека луѓето со психопатски и нарцисоидни црти на личноста почесто ги игнорираат ограничувањата поврзани со пандемијата, правилата за маски за лице, миење раце, социјална дистанца и мерки за да останат дома за време на пандемијата.

Слични содржини