Истражување: Пациентите со коронавирус кои не се хоспитализирани имаат мал ризик од сериозни компликации

од Берта Китинска
229 прегледи

Пациентите со коронавирус кои не се хоспитализирани имаат низок ризик од сериозни, долгорочни ефекти на инфекцијата, но имаат поголем број на посети кај општите лекари по оваа болест, се вели во студијата објавена во „Лансет заразни болести“.

Студија спроведена во Данска покажа дека постои мал ризик од сериозни компликации по инфекцијата кај пациенти кои не морале да бидат примени во болницата, пренесува Ројтерс.

Сепак, овие пациенти имаат зголемен број посети на општи лекари и ова може да биде последица на КОВИД-19.