Истражувања покажаа дека алергиите се поопасни од пушењето

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

За првпат, истражувањата јасно ги поврзуваат антителата кои се производ на реакција на храна со сериозни срцеви проблеми.

Вообичаените алергии на храна, како што се негативните реакции на кикирики или одредени млечни производи, може да ја зголемат смртноста од кардиоваскуларни проблеми дури и повеќе од пушењето, според штотуку објавеното истражување на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија, пренесува Science Daily.

Ризикот од алергии на храна за здравјето на срцето на пациентот е исто така ист или поголем од ризиците од дијабетес, висок крвен притисок или ревматоиден артритис, се вели во студијата, која опфати неколку илјади испитаници.

Утврдено е дека луѓето чие тело произведува антитела како реакција на храната, но кои продолжуваат да ја консумираат таа храна, се изложени на најголем ризик од кардиоваскуларни компликации.

Околу 15 отсто од луѓето како реакција на споменатите видови храна произведуваат антитела во организмот кои предизвикуваат алергиски реакции, вели членот на истражувачкиот тим Џефри Вилсон.

Тој додава дека се потребни повеќе тестови со оглед на тоа што некои пациенти немале никакви алергиски реакции и покрај тоа што во нивниот организам се формирале антитела на одреден вид на храна.

Ова истражување за првпат јасно ги поврзува антителата кои се производ на реакција на храна со сериозни проблеми со срцето и е во согласност со резултатите од претходните студии кои укажуваат на сериозна поврзаност помеѓу алергиското воспаление и кардиоваскуларните проблеми.

Слични содржини