Истражувањата покажаа дека чоколадата прави една група луѓе посебно среќни

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Чоколадото ги прави средовечните жени посреќни, покажуваат истражувањата.

Утврдено е дека дневното консумирање осум недели ги намалува чувствата на негативност, депресија и анксиозност, пренесува The Sun.

Антиоксидативните флаваноли во зрната какао може да спречат оштетување на клетките кои ги попречуваат хормоните и мозочните сигнали, велат истражувачите.

Флаваните се најмногу концентрирани во потемните видови зрна какао што се користат за правење чоколадо.

Во студијата, на 60 здрави жени на возраст меѓу 40 и 60 години им бил даден чоколаден пијалок или оној кој имал ист вкус, но не содржел какао.

По два месеца, оние кои пиеле какао постигнале подобри резултати на скалата за расположение.

Навеле и дека нивната енергија се зголемила.

Нашите резултати покажуваат дека кај средовечните жени екстрактот од какао ја намалува депресијата, заморот и анксиозноста и го подобрува позитивното расположение.

„Флаванолите од какао може да бидат корисна храна која може да го подобри расположението на средовечните жени“, вели професорот Масаказу Тераучи.

Студијата на Универзитетот за медицина и стоматологија во Токио е платена од јапонски бренд на чоколада.

Слични содржини