Истражување: Голем раст на поддршката за „Отворен Балкан“ меѓу македонските граѓани

од Nikola Popovski
448 прегледи

Речиси две третини од граѓаните на Македонија позитивно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“, во која нашата земја е заедно со Србија и Албанија, покажува објавеното истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје.

Според тоа истражување, објавено вчера во емисијата „Детектор, 63,3 отсто од анкетираните граѓани на Македонија имаат позитивен став кон „Отворен Балкан“, а 15,9 отсто имаат негативен.

Ако гледаме по етничка линија, Македонците и Албанците имаат речиси идентичен став, така што 62 отсто од етничките Македонци и 67 отсто од етничките Албанци гледаат позитивно на „Отворен Балкан“.

Дека довербата во „Отворен Балкан“ е во пораст, покажува споредбата со анкетата спроведена за таа емисија во 2020 година, кога 42,2 отсто од македонските граѓани позитивно гледале на оваа регионална иницијатива (тогаш наречена „Мини Шенген“), а негативно 39, 9 отсто негативно.

На иницијативата најпозитивно гледаат оние помлади од 30 години, од кои 70,9 отсто позитивно гледаат на „Отворен Балкан“, додека кај постарите од 60 години овој процент паѓа на 57,3 отсто.

Според истото истражување, Македонија има најдобри односи со Србија, а најлоши со Бугарија.

56,5 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија има најдобри односи со Србија, потоа Албанија со 11,3 отсто, а Турција со 3,3 отсто.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај на репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

Слични содржини