Истражување: Хрватска најбезбедна во Европа за прошетки навечер, на кое место е Македонија?

од Nikola Popovski
460 прегледи

Порталот за статистика „World of Statistics“ втора година по ред ја прогласи Хрватска за најбезбедна земја во Европа за ноќни прошетки и пешачење, додека Франција ја означи како најнебезбедна навечер.

Најбезбедните земји за ноќни прошетки се Хрватска, Словенија, Исланд, Грузија, Швајцарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Холандија и Црна Гора.

Според објавеното, Србија е на петнаесеттото место, Македонија на седумнаесеттото, а Босна и Херцеговина на 26. место.

За најнебезбедни земји за ноќно пешачење се прогласени Франција, Белорусија, Белгија, Велика Британија и Шведска.

Слични содржини