Гледањето на риалити шоуа и спортски настани на телевизија ги прави луѓето нарцисодни, открија научниците од Универзитетот во Пенсилванија.
Тие решиле да проверат дали современите социјални мрежи како “Фејсбук” и “Инстаграм” имаат влијание врз младите и нивните перцепции . Со изненадување утврдиле дека сепак токму стариот медиум – телевизија – е главната причина луѓето да стануваат нарциси.
Истражувањето е спроведено меѓу 565 студенти кои прво треба да одредат колку време дневно одвојуваат во гледање телевизија. Просечната должина била 3,5 часа.
Потоа секој од нив постигна што точно гледа од претходно подготвен список со емисии во различни жанрови.
Ердоган побара поддржувачите на ПКК да бидат лишени од турско државјанство
Конечно пополниле тест кој требало да се утврди до кој степен се нарциси.
Истражувањето покажало дека луѓето кои почесто гледаат риалити шоуа, спортски настани, политички ток шоуа како и хорор драми, биле поголеми нарциси од сите останати.
До овој момент научници претпоставувале дека нарцисистите се зголемуваат поради социјалните мрежи, во кои секој може да стане било што ќе посака или барем да се претстави така.
Истражувањето исто така покажа дека луѓето во двете крајности – нарцисодните и луѓето со ниско самопочитување поминуваат повеќе време на “Фејсбук”, каде биле и повеќе активни.

