Ново истражување утврди кога се случуваат најголем број од фаталните срцеви удари. Овој тип на срцев удар е познат како STEMI.
Британската фондација за срце објави дека на почетокот на неделата постои најголема веројатност да дојде до срцев удар. Се разбира, најголемата шанса за STEMI се јавува во понеделник.
„Сега треба да откриеме што го прави поверојатен срцевиот удар во одредени денови. Ова би можело да им помогне на лекарите подобро да ја разберат оваа смртоносна состојба за да можеме да спасиме повеќе животи во иднина“, рече д-р Нилеш Самани.
Некои податоци сугерираат дека ова може да е поврзано со стресот и нарушените циклуси на спиење, пишува EurekAlert.
„Веројатно тоа се должи на стресот од враќањето на работа. Зголемениот стрес доведува до зголемување на нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој е поврзан со поголем ризик од срцев удар“, вели кардиологот д-р Џек Лафан.
За целите на ова истражување, биле анализирани податоци за 10.528 пациенти ширум Ирска, кои биле примени во болница помеѓу 2013 и 2018 година.