Истрефи: Не очекувам да се потпише нешто во Охрид, Вучиќ и Курти имаат дијаметрално спротивни ставови за ЗСО

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Политичкиот аналитичар Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, истакната тинк-тенк организација од Косово, пред средбата меѓу косовскиот премиер, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 18 март во Охрид, за ЦИВИЛ изјави дека лично не очекува дека било што ќе се потпише, но се надева дека скоро може да има сé договорено во однос на продолжување со решавање на најгорливите прашања меѓу двете земји, што сега се втемелени во основниот документ на Европска Унија.

Според него, важно е двајцата лидери да се сретнат, за да се воспостави патот до имплементација.

„Не да се постигне договор, бидејќи веќе е постигнат, туку да се разговара за самото спроведување на тој план. Најитните прашања се Заедницата на српски општини, за која двајцата лидери имаат дијаметрално спротивни ставови“, истакнува Истрефи.

Слични содржини