Истрефи: Земјите од Западен Балкан заедно да работат на ублажување на ефектите од енергетската криза

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Извршниот директор на Балкан Форум, Астрит Истрефи во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека земјите од Западен Балкан треба да работат изедначено и заедно да ги ублажат ефектите од енергетската криза.

Тој додава дека агендата на Балкан Форум, покрај тоа што ги опфаќа спорните надворешни политики, става акцент на градењето мостови помеѓу општествата кои некогаш биле во конфликт или се уште се, кои се заложници на неодговорноста на политичарите.

„Земјите треба да работат заедно не само како Западен Балкан, туку и пошироко со Европа и на глобално ниво за да ги ублажат ефектите од енергетската криза“, вели Астрит Истрефи.

Слични содржини