Истрел на хрватско-словенечката граница

од desk2
70 прегледи

 

Хрватската полиција соопшти дека на границата со Словенија употребила огнено оружје за да се одбрани од напад на непознато лице, пишуваат хрватските медиуми.

Имено, мигрант кој нелегално влегол во Хрватска, сакал нелегално да ја премине и границата со Словенија.

Во кусото полициско соопштение се наведува дека полицијата кај местото Прилишќе била присилена да употреби огнено оружје како предупредување за да се заштити од физички напад, но и да ја заштити државната граница.

Полицаецот испукал еден куршум во тлото за да се заштити себеси од физички напад на мигрантот кон тргнал кон него, а сега е приведен и е под надзор на полиција. Се уште не се знае за кого се работи.