Истрели во кумановско: Голема полициска акција- има приведени нема повредени

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Во Кумановскиот регион во тек е полициска акција за разбивање на криминална група што криумчарела мигранти. Локалните жители алармираат дека е забележано големо присуство на полицијата.

policiska-akcija-kumanovo-2015-660x317

Според МВР , одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализира акција со која е опфатена криминална група која подолг временски период врши криумчарење поголеми групи мигранти од блиско источните земји. Се работи за мигранти кои од Грција се криумчарат преку Македонија кон Србија и понатаму кон земјите на ЕУ. При реализацијата, во 4 часот и 30 минути кај селото Доброшане, пресечен е транспорт на седум мигранти, кои од земјава сакале да ги пренесат тројца македонски државјани.

На влезот на градот утринава имало  десетина полициски џипови и оклопни возила, а повеќе полицајци можело  да се забележат и во градот. Повремено се слушале и истрели. Засега не даваат информации околу тоа каде поточно се спроведува акцијата, а кумановчани велат дека зголемено присуство на полицијата има  и во населбите каде претежно живее албанско население. Акцијата се уште трае и  има приведен. Од МВР велат дека немаат информации за повредени.