ISW: Русите сакаат да ја ограничат независноста на платениците на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Министерството за одбрана на Русија се обидува да ја ограничи независноста на групата „Вагнер“, велат воените аналитичари.

Водачот на платеничката група, Евгениј Пригожин, изјави дека добил писмо со кое се наредува групата да се јави во командата на мнистерството за одбрана и да ги информира за составот на нивните сили.

Виктор Соболев, член на комитетот за одбрана на руската Државна дума, рече дека министерството за одбрана нема да дозволи волонтерите да се борат без да потпишат договор со министерството, што всушност би можело да го направи нелегално дејствувањето на силите на „Вагнер“ во Украина.

Овој потег сугерира дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е охрабрен од наклонетоста на Владимир Путин по неколку успешни одбранбени операции во јужна Украина, тврди Институтот за проучување на војната.

Пригожин го обвини министерството за одбрана дека се обидува да му наштети на „Вагнер“, но американскиот тинк-тенк истакнува дека е „воена смисла“ формалната воена структура да ја преземе контролата врз нерегуларните групи за да ги распореди кога е потребно.

Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, дозволил тоа да им се случи на неговите специјални сили Ахмат, како јавен приказ на лојалност, забележува ISW.

Слични содржини