Италијанската премиерка Мелони пристигна во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, објавија во вторник италијанските медиуми.

Мелони тргнала со ноќен воз од Полска за Киев, а нејзиното пристигнување во главниот град на Украина се очекувало во утринските часови, објави телевизискиот канал Sky TG24.

АФП објави на Твитер околу 11 часот дека Мелони пристигнала во Киев.

Во понеделникот вечерта италијанската премиерка телефонски разговарала со американскиот претседател Џо Бајден, кој штотуку се врати во Полска по ненадејната посета на Киев, соопшти италијанската влада.

„Двајцата лидери разговараа за нивната блиска соработка во врска со помошта за Украина, вклучително и безбедносна, економска и хуманитарна помош“, соопштија од резиденцијата на премиерката.

Слични содржини