Италијанската влада го обвини „Вагнер“ за бранот мигранти

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Италијанската влада денеска соопшти дека руската приватна паравоена организација „Вагнер“, наводно стои зад зголемениот бран чамци со мигранти кои се обидуваат да го преминат централниот Медитеран, како дел од стратегијата на Русија да им возврати на земјите кои ја поддржуваат Украина.

Министерот за одбрана, Гидо Крозето рече дека сега со сигурност може да се каже дека експоненцијалното зголемување на мигрантите кои доаѓаат од африканските брегови може да се смета за дел од стратегијата за хибридно војување што ја спроведува „Вагнер“.

Крозето, висок претставник на владејачката десничарска партија „Браќа на Италија“, ги повика сојузниците во НАТО да и помогнат на Италија полесно да се справи со порастот на мигранти кои пристигнуваат, објави Ројтерс.

Слични содржини