Италија: 21.261 новозаразени со коронавирус, починаа 376 лица

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Дневните податоци од Министерството за здравство покажуваат дека од вчера се направени 359.214 тестови за присуство на коронавирусот.

Инфекцијата е потврдена кај 21.261 лице. Ова го зголеми бројот на заразени на 3.650.247.

Активни се 564.855 случаи. Уште 376 лица загинаа, вкупно 110.704.

Бројот на опоравени е поголем за 21.311 и изнесува 2.974.688.

Од 27 декември 2020 година, во Италија се вакцинирани 10.846.621 лице, а меѓу нив има и 3.388.472 лица кои ја примиле втората доза.

Од друга страна, во земјата се преземени дополнителни мерки за одбележување на Велигден, а зајакнати се и контролите дали се почитуваат пропишаните мерки.