Италија има нов премиер

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Марио Драги, поранешен гувернер на Европската централна банка, ја прифати функцијата италијански премиер и ја претстави новата влада на политичари и технократи која треба да ја извлече Италија од политичката криза во услови на пандемија.

Портпаролот на претседателската палата објави во петокот вечерта дека Драги ја прифатил функцијата во Квиринал на состанокот со претседателот на Италија Серхио Матарела, кој го назначи за премиер на 3 февруари откако Џузепе Конте мораше да поднесе оставка на 26 јануари по распадот на неговата коалициска влада.

Познат како „Супер Марио“ по неговата улога во должничката криза во еврозоната во 2012 година, Драги треба да положи заклетва во сабота и да побара гласање за доверба во парламентот на почетокот на следната недела.

Слични содржини