Италија испрати мигранти во Албанија

од Milan1
15 прегледи

Италијански воен брод денеска се закотви во албанското пристаниште Шенѓин со осум мигранти кои ќе бидат кривично гонети затоа што биле пресретнати во меѓународни води, еден месец откако првата група била вратена бидејќи не го поминала процесот на верификација.

Ова е само втор трансфер на мигранти откако во октомври почнаа да работат двата центри за обработка на барањата за азил во Албанија, според договорот на албанската и италијанската влада. Беше предвидено од Италија во Албанија да се носат секој месец по 3.000 мигранти кои италијанската крајбрежна стража ги собира од морето.

Идејата е во тие центри да се одлучува дали мигрантите ќе го добијат бараниот азил во Италија или ќе бидат вратени во нивните земји.

Според планот, Италија прифати да прима мигранти на кои им е одобрен азил, додека оние чии барања се одбиени ќе бидат депортирани во нивните земји директно од Албанија.

 

Слични содржини