Италијанското Министерство за здравство денес одобри администрација на вакцината АстраЗенека за лицтаа постари од 65 години.
Министерството изјави дека вакцината може да се даде и на таа категорија на население, а единствен исклучок би биле „екстремно чувствителните“ стари лица, со послаб имунитет или кои земаат лекови што ги ослабуваат.
Министерот за здравство Роберто Сперанца изјави дека тоа е дел од владината политика за забрзување на вакцинацијата на населението.
Како и другите европски земји, Италија се соочува со доцнења во испораката на вакцини. Досега се дадени 5,4 милиони дози, а само 1,65 милиони луѓе примиле две дози на вакцина.
Сперанца додаде дека Италија сака да вакцинира „најмалку половина“ од своето население (60 милиони луѓе) до крајот на јуни.