Италија ја укинува блокадата во два чекори: Првата е после Велигден, втората е на 4 мај

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување на производствените активности, а втората, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.

Постепеноста и претпазливоста се од најголемо значење кога станува збор за укинување на општите карантински мерки воведени од страна на Италија за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, се согласи италијанскиот премиер Џузепе Конте со експерти на состанок за блокадата што ќе биде на сила до 16 април.

Важно е да се избегне собирање луѓе за римокатоличкиот Велигден на 12 април, проследено со Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, за да се спречи ширењето на вирусот.

Првиот чекор по 13 април, Римокатолички велики понеделник, се однесува на постепено започнување со производствени активности, а вториот од 4 мај се однесува на промена на мерките за движење во и надвор од изолација. Сепак датумите на следните чекори не се строго утврдени и зависат од податоците од наредните денови и напредок во борбата против вирусот Ковид-19.

– Мора да бидеме многу внимателни со втората фаза, ако направиме грешка, ќе мора да се вратиме во блокадата и повторно да започнеме – рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо во врска со планот за укинување на ограничувањата.

Полицијата најави зголемена контрола на движењето, а властите во некои региони размислуваат да затворат некои области за луѓето кои не се жители на тие области, за да се избегнуваат собири за време на викендите и празниците.

Слични содржини