Од 250.000 жени кои минатата година останаа без работа поради пандемијата „Ковид-19“, дури 90.000 се мајки.
Меѓу нив, најбројни се мајки на малолетни деца, кои поради пандемијата морале да изберат или да останат без работа или да останат дома и да се грижат за своите деца, без разлика дали биле многу мали или на училишна возраст.
Мајките кои учествуваа во истражувањето потврдија дека нивната ситуација се влошила за време на пандемијата и зборуваа за страв од сиромаштија, можна бременост, невработеност и големи напори да ја балансираат својата работа со потребата да им помогнат на децата што следат настава од дома.
Меѓународната организација за заштита на децата „Save the Children“ објави извештај кој покажува дека јазот во позицијата на жените меѓу богатиот север и сиромашниот југ на земјата сè уште расте во Италија.
Според извештајот, јужните региони Кампања и Калабрија се на дното на листата, а според придобивките за жените и мајките, северните автономни провинции Болзано, Тренто и Вале Д’Аоста се на врвот на листата .