183
Во Италија во последните 24 часа се регистрирани 24.099 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа 814 лица.
Тестирани се 212.000 луѓе, а според резултатите од тие тестови, најмногу нови случаи се регистрирани во Ломбардија – 4.533.
Иако се чини дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, тамошната влада најави построги мерки за време на Божиќните и новогодишните празници.
Меѓу другото, патувањето ќе биде забрането од 21 декември до 6 јануари и се препорачуваат што е можно помалку собири за време на празниците.
Од почетокот на епидемијата, 1,6 милиони луѓе се заразени во Италија, а 58.842 лица починале како резултат на „Ковид-19“, што е втора најголема бројка во Европа по Велика Британија.