
Во Италија починале три лица позитивни на „Ковид-19“ во последните 24 часа, што е најнизокдневен биланс на жртви на вирусот од почетокот на кризата кон крајот на февруари.
Италијанските медиуми пишуваат дека според последните податоци, нема смртни случаи од Ковид-19 во Ломбардија.
Сепак, тие потсетуваат на слична ситуација на 24 мај, исто така во неделата, кога Ломбардија за прв пат беше официјално ослободена од вирусот, но тогаш гувернерот на тој регион, Атилио Фонтана, повика на претпазливост, велејќи дека постои можност да касни извештајот во текот на викендот.
Исто така, опаѓа бројот на нови случаи на Ковид 19 во Италија, а според најновите податоци, заразени се 219 лица, а вчера имало 249 нови позитивни случаи, се наведува во соопштението.
Вкупниот број на заразени во Италија од почетокот на кризата со Ковид-19 е 244.434, активниот број на случаи е 12.440, а како резултат на тој вирус починаа 35.045 лица