Италија нема да излегува од ЕУ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Италија нема намера да го следи примерот на Велика Британија и сигурно останува член на Европската унија.

Ова стана јасно од зборовите на премиерот на земјата Паоло Џентилони. Тој, сепак, далеку не е на мислење дека сите  и се во заедницата е во ред.

“Ние остануваме во ЕУ. Но, многу работи треба да се променат”, рече Џентилони пред Washington Post.

Една од работите кои спаѓаат во листата со потребата од реформи, е политиката спрема бегалците. Што е логично, со оглед на фактот дека Италија е земјата во ЕУ, каде пристигнуваат најмногу мигранти, главно од Африка. “Имаме потреба од алтернативна стратегија. Ние веќе работиме на политички мерки, благодарение на кои бегалците кои пристигнуваат од Либија, да бидат вратени во земјите од кои тргнале”, истакна Џентилони, пренесе “РИА Новости”. Тој исто така, истакна дека во овој момент по прашањето со мигрантите е направено исклучително малку. Тој  истакна дека примарниот терет за овој проблем  и оваа мигрантска  криза лежи врз Италија и Грција.