Италија очекува Парламентот во Македонија да ги одобри уставните измени што произлегуваат од Договорот

од desk2
119 прегледи

Италијанското Министерство за надворешни работи се огласи по референдумот во Македонија и изрази надеж дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени со Договорот од Преспа. 

– На консултативен референдум, широко мнозинство на гласачи беа „За“ договорот со Грција со што ги потврдија аспирациите на граѓаните на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Италија дава целосна поддршка за евроатлантскиот пат на регионот и се надева дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени во Договорот, наведува италијанското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини