Руското барање за исплата на природен гас во рубљи не може да се реализира, вели италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо, наведувајќи дека тоа би ги прекршило санкциите на ЕУ.
„Не можеме да плаќаме во рубљи. Русија воведе двојна шема за порамнување од еврото до рубљата, што е невозможно да се прифати бидејќи тоа би значело заобиколување на санкциите против (руската) централна банка“, рече Ди Мајо во интервју за италијанското радио 24.
Според него, Русија си воведе ембарго „од технички аспект“, пренесе Раша тудеј (РТ).