Министерството за надворешни работи на Италија одлучи да протера од земјата двајца службеници на руската амбасада, се наведува во соопштението на министерот за надворешни работи Луиџи ди Маја на Фејсбук.
„Протестот на италијанската влада беше изразен до рускиот амбасадор во Италија, кој беше поканет во Министерството за надворешни работи. Тој исто така беше информиран за итното протерување на двајца вработени во амбасадата, вклучени во сериозен случај (шпионажа). Им благодарам на нашите специјални служби и на сите државни агенции кои работат на безбедноста на нашата земја“, истакна министерот.
Претходно беше објавено дека две лица се приведени во Италија под сомнение за шпионажа во корист на Русија.