853 лица починаа денес од коронавирус во Италија, што е најцрниот биланс од 28 март, објави Министерството за здравство на таа земја.
Министерството изјави дека се регистрирани уште 23.232 случаи на коронавирус, на извршени 188.659 тестови, пренесе Ројтерс.
Од почетокот на пандемијата, 51.306 лица починале во Италија, со што оваа земја е втора на списокот на европски земји по смртност, зад Велика Британија, додека се регистрирани 1,455 милиони заразени со КОВИД-19.