Италија се повлекува од проектот „Појас и пат“, Кина веднаш жестоко реагираше на потегот

од Stefanija Kuzmanovska

Кина се противи на „омаловажувањето и саботажата“ на иницијативата „Појас и пат“, откако Италија, единствената голема западна земја која ѝ се приклучи, се повлече од проектот.

„Патот на свилата е успешна и најголема светска платформа за соработка меѓу земјите“, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи.

Во писмото испратено до Пекинг пред неколку дена, Италија формално се откажа од глобалната инфраструктурна шема, која има за цел да изгради модерен Пат на свилата, пренесува „Анса“.

Кина и Италија потпишаа договор за соработка во 2019 година и тој договор автоматски ќе биде продолжен доколку една од земјите формално не ја извести другата за повлекувањето најмалку три месеци пред крајот на договорот, кој истекува во март 2024 година.

Премиерката Џорџа Мелони најави дека соработката во рамките на „Појас и пат“ не донесе значителни придобивки за Италија, но државен претставник додаде дека и покрај прекинот на соработката кога станува збор за оваа иницијатива, Рим се обидува да одржи „одлични“ односи со Кина.

Слични содржини