ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА НОВИ МЕРКИ: Маски и на улиците!

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Скијачите се вратија на падините на италијанските Алпи овој викенд по две сезони уништени од пандемијата на Ковид-19 и покрај заканата што сега ја претставува варијантата „омикрон“.

Неколку скијачки центри изминатиот викенд ги пуштија своите ски-лифтови, како што се „Cervinia“ и „Cortina d’Ampezzo“, но сезоната навистина започна вчера во целиот алпски ланец, јавуваат италијанските медиуми.

„Ова ќе биде година на континуирано скијање по затворањето поради пандемијата, која особено го погоди овој сектор, кој воопшто не функционираше во текот на зимата 2021 година, како и претходната 2019/2020 година. рече во соопштението претседателката на Националната асоцијација на жичарници Валерија Геци.

Нови мерки

Во Италија се воведуваат нови мерки, па во пресрет на големите набавки пред Божиќ, се повеќе италијански градови воведуваат задолжително носење маски во центрите на градовите.

Новиот градоначалник на Рим, Роберто Гуалтиери, ја потпиша наредбата во средата, а според таа наредба, од оваа сабота, па се до 31 декември, луѓето ќе мора да носат маски во големи делови од центарот на градот, дури и на отворено.

Меѓу другото, новите мерки ги зафатија популарните туристички места во Рим, како Шпанските скали и познатата шопинг улица „Виа дел Корсо“.

Слични мерки има и на северот од земјата

На северот на Италија, во метрополите Милано, Бергамо и Болоња веќе се воведени слични мерки.

Исто така во главниот град на Пиемонт, Торино, градоначалникот Стефано Ло Русо потпиша одлука со која ги обврзува луѓето да носат маски за лице цел ден во некои делови од центарот на градот, додека во некои делови не мора да ги носат од вечер до следното утро.

Во Италија, здравствените експерти постојано ја нагласуваат важноста од носење маски за заштита од коронавирусот.