Италија заплени 1,7 тони дрога, уапсени двајца Албанци

од desk2
202 прегледи

Италијанската полиција денеска наутро заплени моторен чамец во кој имало 1,7 тони дрога од типот марихуана а во акцијата се уапсени и двајца албански државијани кои управувале со чамецот .


Албанската полиција според медиумите во Албанија потврдила дека уапсени се државјани на Албанија, но притоа се наведува дека моторниот чамец – глисер кон Италија тргнал од хрватските територијални води. Дел на медиумите изразуваат сомнеж дека дрогата сепак потекнува од Албанија .

Истите извори наведуваат дека е неизвесно од каде е потеклото на дрогата, а италијанската крајбрежна полиција сооштува дека моторниот чамец со дрога пловел синоќа и притоа бил следен и со хеликоптер на италјанската полиција.