Италија: Здравствените работници да се вакцинираат или ќе останат без работа

од Nikola Popovski
350 прегледи

Сите здравствени работници во Италија ќе мора да се вакцинираат против корона или ќе се соочат со суспензија од работа и губење на плата. Критичарите на владата се сомневаат во законитоста да се принудуваат само одредени категории на население да примаат вакцина.

Воведувањето на задолжителна вакцинација за здравствените работници го објави италијанската влада, пренесува Ројтерс, проценувајќи дека станува збор за потенцијален контроверзен потег со цел заштита на загрозените пациенти и сузбивање на расположението против вакцинацијата во земјата.

Во указот одобрен од кабинетот на премиерот Марио Драги, се вели дека здравствените работници, вклучително и фармацевтите, се „обврзани да се вакцинираат“, а оние што одбиваат би можеле да бидат суспендирани од работа без финансиски надомест до крајот на годината.

„Целта на мерката е да се заштити медицинскиот и немедицинскиот персонал што е можно повеќе, како и оние кои работат во средина каде што можат да се заразат“, се вели во соопштението на владата, додавајќи дека таквата одлука е донесена откако се појавија жаришта во болниците каде вработените одбиле да бидат вакцинирани.

Со уредбата, исто така, воведува правна заштита за луѓето кои даваат вакцини, мерка што ја барале лекарите и медицинските сестри по случајот во кој некои лекари биле ставени под истрага за убиство по смртта на вакциниран маж на Сицилија.

Досега во Италија се дадени околу 10 милиони дози вакцини, а обете дози ги примиле околу 3,1 милиони луѓе постари од 60 години.

Слични содржини