Италијанец паднал од мотор во Маврово и се искршил

од desk2
117 прегледи

На 14.06.2019 година околу 18.20 часот на регионалниот пат Маврови Анови-с.Мавровска брана, мотоцикл „БМВ“, управуван од М.Т.(56) од Италија, паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Т., и му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.