Италијанец уапсен на аеродромот во Скопје – бил агресивен кон вработени и полицајци

од Берта Китинска
188 прегледи

Италијански државјанин вчера бил уапсен на Скопскиот аеродром, откако бил агресивен кон полицајци и вработени на аеродромот, соопшти МВР.

„На 28.07.2022 во 09.45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(36) од Италија, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон вработените на аеродромот“, информираат од полицијата.

Слични содржини