251
Радарот во Анкона го фотографирал возилото на една Италијанка со „рекордна брзина“ од наводни 703 километри на час.
Жената била фатена во зона каде важи ограничување од 70 километри на час, а таа управувала автомобил „Форд Фокус“.
Наместо надлежните италијански власти да ја преиспитаат можноста за такво пречекорување, тие и испратиле на жената парична казна во износ од 850 евра, а и биле одземени и 10 бода.
Бидејќи ова е очигледна грешка во радарот, Италијанката решила да ангажира адвокат, кој ја советувал да не бара поништување на казната, туку компензација.