Италијанската полиција уапси 13 криумчари, мигрантите ги нарекувале овци и гулаби

од Milan1
10 прегледи

Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење мигранти кои биле обвинети дека добиле седум до 10 илјади евра за да ги префрлат во европските земји, јавија денеска италијанските медиуми. Нивната криминална организација имала ограноци на Блискиот Исток, Балканот, Источниот Медитеран и Италија, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Меѓу уапсените во градот Кротоне во Калабрија имало и државјани на Ирак, Пакистан и Авганистан.

Тие организирале транспорт на мигранти од Турција во Франција и други европски земји, а во шифрирани пораки бегалците ги нарекувале „овци“ или „гулаби“.

Слични содржини