Италијанската премиерка поднесе тужба против пејачот на групата Placebo

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони поднесе тужба против пејачот на групата Placebo, Брајан Молко, за клевета, откако тој ја нарече фашист и расист за време на настапот во јули во Торино.

Мелони не одговори на барањето на Би-Би-Си за коментар за изјавите на Молко на фестивалот Соник Парк.

На видеата на социјалните мрежи, Молко се слуша како за Мелони вели: „Фашистка, расистка“ на што публиката аплаудира.

Неколку дена подоцна италијанската новинска агенција АНСА дозна дека обвинителите во Торино отвориле истрага за инцидентот за „клевета на институциите“.

Мелони е лидер на екстремно десничарската партија Браќа на Италија и е на чело на најдесничарската италијанска влада од Втората светска војна.

Слични содржини