311
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти почетокот на италијанското првенство поради опоравување од повредата на коленото.
Ибрахимовиќ се уште тренира одделно од тимот, а неговото закрепнување трае подолго од очекуваното, објави денеска „Газета Дело Спорт“.
Напаѓачот на Милан беше опериран на левото колено во јуни, откако се повреди на 9 јуни на натпреварот против Јувентус.
Според извештајот на лекарот, Ибрахимовиќ сигурно нема да биде подготвен за првото коло во Серија А, во кое Милан ќе игра против Сампдорија.