Италијански медиуми: Ибрахимовиќ го пропушта почетокот на сезоната

од Stefanija Kuzmanovska

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти почетокот на италијанското првенство поради опоравување од повредата на коленото.

Ибрахимовиќ се уште тренира одделно од тимот, а неговото закрепнување трае подолго од очекуваното, објави денеска „Газета Дело Спорт“.

Напаѓачот на Милан беше опериран на левото колено во јуни, откако се повреди на 9 јуни на натпреварот против Јувентус.

Според извештајот на лекарот, Ибрахимовиќ сигурно нема да биде подготвен за првото коло во Серија А, во кое Милан ќе игра против Сампдорија.

Слични содржини