Италијанскиот премиер издаде декрет: Се продолжуваат ограничувањата за контрола на короната

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денес издаде декрет со кој се продолжуваат ограничувањата за контрола на коронавирусот, откако Министерството за здравство предупреди дека епидемиолошката состојба се влошува.

Новата наредба го продолжува ноќниот полициски час од 22 до 5 часот наутро до 5 март, а системот на зони останува во сила, со што се делат 20 италијански региони на различни нивоа на инфекција.

Спортските сали и базените ќе останат затворени низ цела Италија, а личното преземање на храна за носење нема да биде дозволена по 18 часот, пренесува Гардијан.

Со декретот се продолжува забраната за движење меѓу регионите до 15 февруари, а граѓаните ќе можат да патуваат само поради работа, здравствени или други итни случаи.

Скијачките центри остануваат затворени до 15 февруари.

Владата најави дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде стапките на инфекции се доволно ниски.

Слични содржини