Во понеделникот, премиерот на Италија, Марио Драги, ја поддржа Европската фудбалска унија (УЕФА), која силно се спротивставува на формирањето на Европската суперлига.
„Владата внимателно ја следи дебатата за проектот Суперлига и ја поддржува позицијата на италијанските и европските фудбалски власти за зачувување на националните натпреварувања, вредностите и социјалната функција на спортот“, навел Драги во соопштението.
Италијанските клубови Јувентус, Милан и Интер се меѓу основачите на европската Супер лига. УЕФА најави дека ќе ги покрене сите мерки против создавањето на Суперлигата.
Поддршката за УЕФА претходно ја даде и унгарскиот премиер Виктор Орбан.