Италијанскиот претседател вакциниран против корона, го чекаше својот ред со граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Италијанскиот претседател, 79-годишниот Серџо Матарела, ја прими вакцината против корона.

Во моментов во Рим се одвива масовна кампања за вакцинација, па на ред се луѓето родени во 1941 година и порано. Во таа група спаѓа и Матарела.

Матарела дојде во Институтот за инфективни болести „Лазаро Спаланзани“, седна и го чекаше својот ред заедно со граѓаните, а потоа се вакцинираше.

Италијанската новинска агенција АНСА известува дека тој ја примил вакцината на „Модерна“.

Италијанците започнаа со масовна вакцинација на 27 декември 2020 година, а досега се вакцинирани 5.587.592 лица. Од нив, 1.697.225 примиле две дози.

Во Италија вакцинацијата започна брзо, меѓутоа, поради проблеми со набавките, кои се присутни низ цела Европа, таа забави.