Италијанскиот Сенат гласа за евентуалното судење на Салвини

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Италијанскиот Сенат, горниот дом на парламентот, денеска гласа за тоа дали ќе биде поднесена тужба против партијата на опозицискиот лидер Лига, Матео Салвини, заснована врз обвинението на судот во Палермо дека минатата година, како министер за внатрешни работи, забранил укотвување на бродот „Open Arms“ во италијанските пристаништа, шпанска хуманитарна организација со 160 мигранти.

Салвини сега ризикува да одговора на обвиненијата за киднапирање луѓе, вклучително и деца и за одбивање да ја извршува својата функција.

Матео Салвини се брани себеси, пренесуваат медиумите, дека тој ја вршел „својата работа и во интерес на општото добро“.

Тој тврди дека е мирен во врска со обвинението и евентуалниот процес и дека минатата година работел во договор со коалициската влада „Лига“ – „Движење пет Sвезди“ и дека во неговото одлучување учествувал и премиерот Џузепе Конте.

Основачот на хуманитарната организација „Open Arms“, Оскар Кампс, изјави за „Ил Фато Котидијано“ дека гласањето во италијанскиот Сенат е многу важно.

„Судењето на Матео Салвини би значело потврдување на историската вистина и неповредливост на меѓународните конвенции што регулираат поморско спасување, како и принципите на нашите демократски устави“.

Резултатот од гласањето во Сенатот е неизвесен. За да биде ослободен од гонење, на Салвини ќе му требаат најмалку 160 гласови против иницирање на процесот.

Според весникот „Ил Фато Котидијано“, на негова помош би можеле да дојдат 18 гласови на парламентарците на партијата „Италија Вива“ на Матео Ренци.

Поранешниот италијански премиер Ренци, поранешен член на Демократската партија, ја основа својата партија, мала група во владејачкото мнозинство која, честопати, како денешното гласање во Сенатот, може да има одлучувачки исход.

Гласањето во италијанскиот Сенат за евентуално поведување судска постапка против Матео Салвини се одвива на денот кога вкотувањето на чамци полни со мигранти од Африка го достигна својот врв: само во последните 24 часа, на јужниот остров Лампедуза пристигнаа повеќе од 300 мигранти, а во приватните центри има 3 до 4 пати повеќе луѓе отколку што се реалните капацитети на центрите.

Слични содржини