Италијанскиот Сенат го укина имунитетот на Матео Салвини

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Италијанскиот Сенат денеска гласаше за укинување на парламентарниот имунитет на лидерот на „Лига“, Матео Салвини, отворајќи го патот за судење против него во аферата за мигрантите, блокирани на море додека беше во владата.

Стотици мигранти секој ден пристигнуваат на италијанските острови Лампедуза и Сицилија, до кои стигнуваат во мали пловни објекти или се спасени од морето со хуманитарни бродови или крајбрежната стража.

Судот во Палермо го обвинува Салвини дека одбивал да прифати над 80 мигранти од хуманитарниот брод „Open Arms“, блокиран во близина на Сицилија, во август 2019 година, како министер за внатрешни работи.

Бидејќи му беше укинат имунитетот, Матео Салвини (47) може да биде осуден на 15 години затвор.

„Горд сум што ја бранев Италија и повторно би го сторил тоа“, одговори Салвини. „Оние кои мислат дека ме исплашија so овој политички процес, се излажале“, додаде тој.

Слични содржини