342
Велика Британија и Соединетите држави остро се спротивставија на руската кампања за дестабилизација на Украина и ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата, изјави денеска министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб.
– Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и јас се согласивме дека Русија мора веднаш да ја деескалира ситуацијата – напиша Раб на својот профил на Твитер, објави Ројтерс.
Раб изјави дека Русија мора да ги исполни меѓународните обврски што ги потпиша со ОБСЕ.