Итно хоспитализиран еден од најмоќните американски политичари

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Еден од најмоќните американски републикански политичари, Мич Меконел, итно е хоспитализиран откако паднал во хотел во Вашингтон.

Како што дознава Си-Ен-Ен, тој се сопнал во ходникот на хотелот, а засега нема информации колку се сериозни неговите повреди.

Инаку, Меконел е лидер на опозициското републиканско малцинство и неодамна стана партиски лидер со најдолг стаж во историјата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Републиканскиот лидер во Сенатот веќе еднаш падна во 2019 година во својот дом во Кентаки и се здоби со скршено рамо, по што беше опериран.

Слични содржини