Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето е хоспитализиран во текот на ноќта во Рим поради сомневање за перикардитис, соопшти денеска италијанското министерство.
„Крозето е во многу добра форма и би можел да биде пуштен од болница подоцна во текот на денот, но медицинските прегледи се уште се во тек“, изјавил за „Ројтерс“ неименуван претставник на италијанското министерство за одбрана.
Крозето претрпел силни болки во градите и отишол во итната медицинска помош во болницата Сан Карло ди Нанси во Рим, се додава во соопштението на министерството, а тој моментално е под лекарски надзор по извршената коронарна операција на срцето.
Крозето стана министер во 2022 година, на почетокот на мандатот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, и е еден од основачите на нејзината партија Браќа на Италија.
Тој претходно беше член на партијата Напред Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.