Итно опериран тапанарот на Ролинг Стоунс

од Stefanija Kuzmanovska

Тапанарот на популарната рок група „The Rolling Stones“, Чарли Вотс, беше итно опериран, па мораше да се повлече од турнеите во САД, пишува „The Sun“.

Чарли беше опериран во Лондон, а според странските медиуми, операцијата поминала без компликации. Неговите здравствени проблеми беа откриени за време на рутински преглед на сите членови на бендот.

„Барем еднаш, мојот тајминг е малку лош“, се пошегува тој по операцијата.

Бендот закажа турнеја „No Filter USA“, која ќе започне следниот месец, а Чарли ќе биде заменет со тапанарот Стив Џордан.

Според тапанарот на славната англиска рок група, тој не сакал да ги разочара фановите со откажување или одложување на концертот, бидејќи тие веќе го доживеале тоа за време на пандемијата на коронавирус.

„Работам за да се вратам во форма, сепак, морам да ги прифатам советите на експерти кои рекоа дека моето закрепнување може да потрае. По сите разочарувања од одложувањето на турнејата поради ковид, не сакам фановите на бендот во САД кои имаат билети, да доживеат уште едно откажување или одложување. Така, го замолив мојот пријател Стив Џордан да ме замени“, рече Чарли.

Слични содржини