Иван Џолев преминува во Апелација, нови имиња и од Тетово и Скопје

од desk4
110 прегледи

Судскиот совет го избра досегашниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, за нов судија во Апелациониот суд Скопје. Со него, во скопската апелација ќе преминат и судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова, исто така од Кривичниот суд, како и Бетим Јахја од Основниот суд во Тетово.

Новите избори се дел од редовната ротација во судството и се однесуваат на кривичната област.