Иванка Трамп ќе се здобие со кабинет во Белата куќа и тоа местото кое е наменето за првата дама.
Всушност првата дама е сопруга на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп – Меланија. Иванка сепак се смета за сивиот кардинал во кампањата на нејзиниот татко и е сметана за негова десна рака.
Според CNN, Иванка ќе добие канцеларија која се наоѓа во источното крило на Белата куќа. Според медиумите во САД долгоногата 35-годишна русокоса се подготвува да преземе важна улога во рамките на администрацијата на својот татко.
Интересно е дека Иванка одржа лична средба со поранешниот потпретседател и еколог Ал Гор во Trump Tower, токму пред Гор да се сретне со Доналд Трамп.
Според други информации големите синови на Трамп – Ерик и Доналд Џуниор, ќе го преземат управувањето на неговиот бизнис, а Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер ќе земат учество во администрацијата на претседателот.